Докторката која го лечи Џамбазов: Успеавме да му ја спасиме десната нога, во прашање беа минути (Фото)


По две успешни операции, на левата и на десната нога Игор Џамбазов денеска ја напушти Специјалната болница „Филип Втори“. Примен е на 21 јуни, по направените прегледи веднаш е опериран.

За неговата состојба зборува медицинскиот директор на болницата Д-р Тања Анѓушева.igor djambazov

-Џамбазов дојде со јаки болки во левата нога, која му беше студена и модра. Се направи компјутерска томографија која покажа отсуство на периферна циркулација односно недоволно хранење на ногата со крв, во пределот од препоните надолу. Се донесе одлука за итно оперативно лекување . Со отстранување на ново настанатите акутни тромби и крвните садови се доби одлична циркулација. После оперативното имаше уреден проток на крвта. На компјутерт беше верифицирано дека има промени во циркулација на десната нога. Регистрирани се како хронични промени во висина на крвните садови на зглобот на коленото, поради што во втор акт се одлучи да се направи бај пас. На десната нога се употреби вена од истата страна и се направи премостување на запушениот дел. После оперативно циркулациски се доби одличен доплер наод, се направи контролен компјутер и на него се верифицира дека проодноста на крвните садови на долните екстремитети кај Игор е одлична, вели Анѓушева.

Од „Филип Втори“ велат дека престојот на Игор во болницата вило како приказна која ќе се раскажува долго задари неговиот посебен дух.

– Тука ме донесе проблемот кој се таложел со години и години нездрав живот. Моите бурни 30-ти и 40-ти. Уште за време на пробите за големиот концерт во Борис Трајковски пред скоро 2 години, почнав да чувствувам трнење во нозете кое во наредните неколку денови полека прераснуваше во непријатна болка. Се залажував дека тоа ми е од незгодната поза во која седам на шанк-столчињата за време на концертите, иако знаев дека не е така. Во последните две години интензитетот на тие болки беше се посилен и посилен после секој настап. Конечно, пред две недели, во Гевгелија се разбудив со двете нозе потполно вкочанети и целосно побелени. Едноставно не ги чувствував. Како да не беа дел од мене, изјави Џамбазов за официјалната страна на „Филип Втори“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1