Долче и Габана осудени на една и пол година затвор


Судот во Италија ја отфрли жалбата и сепак го осуди познатото дизајнерско дуо Долче и Габана.

450038_dolceandgabbana-ap_fДоменико Долче и Стефано Габана беа прогласени за виновни за даночно затајување и осудени на една година и шест месеци затвор.

Во првостепена постапка уште во јуни 2013 година беа осудени на казна затвор од 20 месеци, бидејќи не пријавиле приход од една милијарда долари, пишува агенцијата „АФП“.

Модните креатори кои потекнуват од Сицилија се обвинети за непријавување на 200 милиони евра од една компанија од Луксембург.

Долче (55) и Габана (51) негирале дека затаиле данок и минатото лето во знак на протест три дена ги затворија своите продавници во Милано.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1