Должел за кредит – ограбил банка, го вратил долгот па си се пријавил во полиција


Еден средновечен Чех, ограбил банка во Прага, потоа се јавил во полиција дека оди да врати долгови, а потоа самиот си дошол во станица и се предал

19176-banka2Средновечниот маж без маска, трпеливо на почетокот на оваа недела си чекал ред во една банка. Кога дошол на ред, на службеникот му дал ливче на кое пишувало да му ги даде парите, затоа што во торбата има пиштол кој нема да се двоуми дали да го употреби.

Со неколку илјади евра, мирно си заминал од банката и десет минути подоцна се јавил во полиција за да им ја објасни причината за кражбата и за да најави дека сам ќе дојде да се пријави.

-Злобни луѓе го ограбиле, а добрите му позајмиле пари. Рече дека не гледа зошто добрите би биле оштетени поради тие злобните. Сакал да врати долг, но не нашол друг начин па решил да ограби банка- вели полицаецот Томаш Хулан.

За грабежот на банката казната е до десет години затвор.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1