Потребни се
15 лажици ситно исечкан лист од коприва,
3 лажици сув цвет од камилица,
300 мл вински оцет.
Во два литри веќе зовриена вода се ставаат сувите листови од коприва. Садот се тргнува од огнот и се покрива. Треба да отстои 2 часа па повторно се загрева и се додава камилицата.
Се остава да стои 2 часа по што течноста се процедува, се додава винскиот оцет и се меша. Секоја втора вечер косата се мачка со овој природен лосион. Добро се масира и се измива.
Со оваа маска вашата коса ќе стане блескава, нема да се масти и ќе се ослободите од првутот.
Plus info