Домашното пилешко месо се враќа на трпезите – Државата ќе го финансира


Со помош од државата ќе се развива живинарството во земјава. Семејни живинарски фарми ќе произведуваат бројлери, а државата ќе одлучи како и каде ќе се продава пилешкото месо и по кои цени. Целта е да се зголеми домашното производство на пилешко месо и да се намали увозот. Министерот Цветков денес информираше дека со 3 милиони евра наредната година ќе се изгради фабрика,  која ќе произведува јајца во прав и конзервирани јајца а доколку има потреба ќе се изгради и кланица.pilesko

– Увозот на живинско месо не чини околу 50 милиони евра годишно и е најголемата поединечна стапка во увозот на земјоделско-прехранбените производи. Со порастот на производството на пилешко месо се предвидува постепено намалување на увозот, а оптималните очекувања се дека со поддршката што ја предвидува Проектот би се зголемило производството на 30 отсто во наредните пет години, рече Цветков.

Семејните фарми ќе се стимулираат  со пари од ИПАРД фондовите, поволни кредити од комерцијалните банки како и преку Програмите за директни плаќања на министерството. Еден од поретките одгледувачи  на бројлери во земјава посочи дека има голем потенцијал за развој на оваа гранка во земјава.

Производството на јајца во земјава во целост ги задоволува домашните потреби, додека  домашното производство на пилешко месо е околу 500 тони  и покрива само 5 отсто од пазарот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1