Донација од 100.000 маски и 5.000 скафандери од унгарската влада


Унгарија донираше 100.000 заштитни маски и 5.000 скафандери за македонските здравствени работници. Донацијата лично ја врача унгарскиот шеф на дипломатијата Сијарто, кој во Скопје пристигна со воен карго авион. Опремата е со потекло од Кина, со која Унгарија интензивно соработува во борбата против епидемијата на корона. Сијарто потенцираше дека освен за Македонија, ваква помош тие обезбедиле и за Словенија, Србија и Хрватска, за да се обезбеди стабилноста на регионот, кој не е соочен само со корона вирусот туку и мигрантската бран

Со оваа донација сакаме да помогнеме во борбата со оваа светска криза. Ние водиме одговорна политика кон соседите и на сите им дадовме помош. Ако овие земји ослабат во било кој поглед тогаш и нивните капацитите за одбрана се намалуваат. Доколку во таква ситуација се соочат со една мигрантска криза нема да можат да го запрат тој притисок. А ние имаме интерес со тој притисок да се справуваат што подалеку од нас. Затоа успеавме да ја донесеме оваа помош. Ние имаме одлична соработка со Кина од каде постојано пристигнува медицинска опрема.

Освен Унгарија, најавена е помош од Норвешка, Холандија, Турција најави пратка со заштитни маски и тестови, а позотивно на македонското барање за помош одговори и Кина, но засега не се знае кога и штпо ке добиеме од Пекинг. Словенија веке испрати помош, а ЕУ обезбеди итни 4 милиони евра за здравствените потреби. САД за Македонија обезбедија 1, 1 милион долари, а министерот Димитров посочи дека се прават напори да се добие помош во справување со вирусот и од други земји .

Сијарто одржа и заеднилчка прес конференција со лидерот на опозицијата Мицкоски, на која посочи дека во македонија е дојден токму на негово барање.

Според Мицкоски единстевно важно е во ситуациојава е дека помошта е пристигната и ке отиде таму каде што е најпотребно,

Сијарто деенска се сретна со целиот државен и политички врв во земјава.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1