Доналд Трамп во трка за претседател на САД : „Знаете, јас сум многу богат”


Американскиот магнат Доналд Трамп најави дека влегува во претседателската трка. Откако две децении размислувал за идејата да стане претседател на САД, Доналд Трамп и официјално најави дека влегува во претседателската трка за изборите коиќе се одржат во ноември следната година. Тој ја објави својата кандидатура за републиканска претседателска номинација, објави CNN.donald tramp

„Дами и господо, официјално сум во трката за претседател на САД и повторно ќе ја вратиме моќта на својата земја“, го започнал Трамп својот говор пред новинарите во луксузниот Trump Tower кој има 86 ката.

„Ајде да ја направиме Америка повторно голема!“ е неговиот слоган.

Во последната година, Трамп потрошил милион долари само на „истражување на теренот“, но тоа не и` наштетило многу на неговата сметка во банка. „Знаете јас сум многу богат…“

Милијардерот Трамп самиот се нарекол најуспешната личност која се кандидира за претседател, при што истакнал дека поседува продавница Гучи која вреди повеќе од Ромни. Мит Ромни исто така е еден од кандидатите за номинација на Републиканската партија за претседател на САД.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1