Донесена одлука за најстроги санкции за Северна Кореја


Санкциите вклучуваат и обврзувачки инспекции на работите кои влегуваат или излегуваат од Северна Кореја, дали низ земја или воздух, сеедно, и забрана на целата продажба или трансфер на мало и лесно вооружување во Пјонгјанг и истерување на севернокорејските дипломати фатени во нелегални активности.130329_kim_jong_un_reu_605

Советот на безбедност на Обединетите нации донесе една од најстрогите одлуки по повод санкциите за Северна Кореја во последните дваесет години.

САД и Кина традиционалните сојузници на Пјонгјанг поминаа седум недели на преговарање во новите сакнкции.

САД и нејзините сојузници од Западот сакаа уште пожестоки санкции кои се однесуваат и надвор од нуклеарната и ракетна програма на Северна Кореја, но Кина со тоа се противеше наведувајќи дека овие мерки би можеле да ја загрозат стабилноста на Северна Кореја, и да предизвикаат економски колапс на земјата.

Гласањето за нацрт резолуцијата во која се повика на воведување на остри санкции на Северна Кореја во средата е одложен за денеска затоа што Русија побарала да повеќе ја проучи резолуцијата.

„Според барањето на САД да гласањето се одржи ова попладне, Русија се повика на проведурално разгледување на резолуцијата на 24 часа“, наведе мисијата на САД во ОН во соопштението.

Освен тоа севернокорејскиот шеф на дипломатијата Ри Су Јонг исто така изјави дека неговата земја никогаш нема да се обврзе на ниту една резолуција на ОН во состојбата за човековите права.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1