Дурекс Австралија ја пушти во продажба „Fundawear“ долната облека, која ќе овозможи допирот да се пренесува преку интернет. Истата фирма на интернет го постави ова видео, како реклама за истата.
Смело тврдејќи дека нивниот производ е „иднината на предиграта“, Durex Australija тврди дека „Fundawear“ долната облека ќе овозможи партнерите кои не се во ист град или држава да се чувствуваат како да се еден до друг.
Долната облека е поврзана со мобилен телефон и функционира со помош на апликација.
Од компанијата сè уште нема информации дали производот наскоро ќе се појави на пазарот или едноставно станува збор за добра реклама.