Вкупно 990 пријави од граѓани за гласање во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство. се доставени до денеска во 13 часот преку веб апликацијата www.dijaspora.sec.mkдо Државната изборна комисија.
Од нив, 965 пријави се прифатени, 23 се одбиени, а останатите се во обработка.
Најголем број пријави се доставени за гласање во Берн – 83, во Лондон – 77, во Торонто – 60, Љубљана – 62, Виена – 57 и Канбера – 42.
Во однос на податоците од јавниот увид во избирачкиот список, се наведува во сопштението на ДИК, заклучно со вчерашниот ден вкупно 2.179 граѓани извршиле јавен увид во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК. Од нив, најголем број граѓани увид извршиле во Битола – 337, Струмица – 200, во Радовиш – 140 и во Прилеп – 129.