Доцнат само 100 Год: Сириска телевизија како итна вест објави дека Гаврило Принцип го убил Фердинанд


 Сириската телевизија со 100 години задоцнување, како итна вест изминатиот викенд објави информација за атентатот во Сараево врз австроунгарскиот претстолонаследник Франц Фердинанд.

tv-sirijaБи-Би-Си Арабија во твитовите објави вест за 100-годишнината од атентатот во Сраево, што вработените во информативната редакција на Сириската телевизија не ја разбрале баш најдобро, и поверувале дека се работи за актуелна информација, објави виенскиот весник Естерајх.

Новинар на Сириската телевизија ја објави како итна вест – дека Франц Фердинанд е убиен, со напомена дека „20 луѓе се повредени за време на експлозијата врз конвојот на претстолонаследникот“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1