sneg pagjaУтринската температура ќе се движи од минус три до два, а дневната од три до девет степени.

Во Скопје ќе преовладува облачно време. Во претпладневните часови со услови за краткотрајни врнежи од дожд, а повремено некаде и со краткотраен снег. Утринската температура ќе се спушти до минус еден, а дневната ќе се искачи до седум степени.

Во текот на следните денови ќе преовладува претежно сончево време. Поголемо спуштање на температурите ќе се почувствува во среда, а понатаму следува нивно благо покачување. /Извор: МИА/

ОБНОВЕНО: Според метеоролошката станица на Норвешка, YR, утре во Скопје ќе биде делумно облачно во утринските часови, а попладне претежно сончево без врнежи.