Времето утре во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне на места нестабилно, со локален пороен дожд и грмежи, особено во планинските подрачја. УВ-индексот ќе изнесува 5.
Температурата ќе се движи од 19 до 29 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне на места нестабилно, со локален пороен дожд и грмежи.
Температурата ќе достигне 27 степени.
До понеделник ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди, во попладневните часови со локален пороен дожд и грмежи. Од вторник ќе настапи стабилизирање на времето.