Од најниски до највисоки казни добија обвинетите во случајот Детонатор. Двајца обвинети заработија доживотен затвор, четворица ќе одлежат од 12.5 до 14.5 години зад решетки а останатите поминаа со 1.3 до 9.5 години, пишува Пресс 24.
Акцијата Детонатор беше спроведена во март минатата година. Обвинетите се товареа за обид за убиство, лихварство, изнуда, насилство и недозволено поседување на оружје.
За време на целиот процес обвинетите тврдеа дека се невини и дека клучниот сведок кој неколкупати преживеал атентат всушност лаже. Наскоро повеќе информации.