Доживотен затвореник сакал дете – прошверцувал сперма, жената вештачки се оплодила – се фатило од прва


Амар Зибен отслужува доживотна казна во затвор во Израел. Успеал да прошверцува сперма до неговата сопруга во Палестина која денеска родила син, а парот не се има видено 15 години.

Амар е осуден на доживотен затворот и отслужува во затворот Хадарим во централниот дел на Израел, според правилата жените немаат право да ги посетуваат.

Неговата сопруга, триесет и две годишната Далал Зибен денеска родила здраво машко дете , по име Муханад.  Иако го нема видено својот сопруг 15 години, бебето е негово, а таа забременила од прва, откако била успешно вештачки оплодена од спермата на својот сопруг.

Инаку овој пар кој веќе има две ќерки со години чекале да добијат и син, но во плановите ги спречила казната на Амар. Не се знае како затвореникот успеал да ја прошверцува спермата и кој му помогнал. Затворските служби ќе испитуваат како им се случил овој сериозен безбедносен пропуст – со оглед на фактот дека затворите во Израел се едни од најригорозните и најобезбедуваните во светот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1