Доживотна суспензија за грчкиот фудбалер поради нацистички поздрав


– Потегот на фудбалерот да ги поздрави навивачите во нацистички стил преставува груба провокација, како и голема навреда за сите жртви на нацистичките ѕверства. Тој потег длабоко го повредува пацифичкиот и хуман карактер на оваа игра – се вели во соопштението на Грчката фудбалска федерација.

fudbaler naci20-годишниот Катидис, поранешен капитен на У-19 тимот на Грција, претрпе жестоки критики на социјалните мрежи од политичките партии и фудбалскките фанови кај нашиот јужен сосед по предизвиканиот инцидент на Олимпискиот стадион во Атина.

Играчот од средниот ред на АЕК Атина, Јоргос Катидис заработи доживотна забрана за настап во сите национални селекции од страна на Грчката фудбалска федерација. Причина за тоа е нацистичкиот поздрав со кој тој го прослави голот за победа од 2-1 против тимот на Вериа.

fudbaler naci2Фудбалерот негира дека нацистички ги поздравил фановите, велејќи дека „не знаел“ што значи тоа.

– Јас не сум фашист! Немаше да го направам тоа да го знаев неговото значење – се обиде наивно да се „извади“ Катидис изјавувајќи на „Твитер“.

Катидис поддршка доби и од германскиот кормилар Евалд Лиенен, бранејќи го својот пулен дека е млад, наивен и дека не знаел што значи тоа.н Јас сум 100 проценти сигурен дека Јоргос не знае што направил. Плачеше во соблекувалната откако ги виде реакциите, вели Лиенен.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1