Тринаесет годишно момче вчера попладне извршило обљуба врз две години помладо дете, исто така момче.
Како што информираат денес од полицијата, настанот се случил населбата Драчево, во близина на населбата на патот за Китка, додека 11 годишно дете си играло со другарите.
Во еден момент дошол 13 годишникот кој под закана и со физичка сила го одвлекол во грмушки, каде што извршил обљуба врз него.
Детето викало за помош, при што му помогнало лице кое работело во близина, додека пак 13 годишното дете се дало во бегство.
СВР Скопје превзема мерки за расчистување на случајот.