Ферет Штајнмиц е уморен од тоа да му се зборува дека момчињата на својата ќерка треба да ги дочекува со репетирана пушка.
Ова е текст кој го пишувам како реакција на познатите статии од типот „10 совети за однесување кон мојата ќерка“ кои се преполни со „духовити“ закани како на пример: „Сигурен сум дека си свесен дека сексот денес, без „бариера“ може да те убие. Да ти објаснам подобро, кога станува збор за секс со мојата ќерка, јас сум бариерата, и јас ќе те убијам“.
Ваквите и слични досетки во својата суштина го имаат ставот „Момчињата се опасни, сексот е одвратен, како и луѓето кои го практикуваат, мојата ќерка е пластична кукла чија судбина ја контролирам јас“.
Видете, го сакам сексот. Забавен е. И бидејќи ја сакам и мојата ќерка и посакувам да ги има истите оние задоволства во живото кои ги искусувам и јас, а се надевам и многу повеќе. Не сакам да знам ништо за ситните детали, бидејќи таквите визуелизации ме интересираат онолку колку и неа ја интересираат моите. Но, во суштина, мила, слободно оди и играј си.
Сексот не е нешто што мажите го грабаат од тебе, тоа е нешто кое ти го даваш. И тоа што некому претставуваш задоволство на никој начин не ја намалува твојата вредност. И тоа што доживуваш задоволство на никаков начин не те деградира. И секој оној кој не се сложува со тоа е маж кој, во суштина, има многу негативен и сексистички став во однос на жените.
Да, мажите и жените можат да ти го скршат срцето, а ако тоа ти се случи, ќе се скрши и моето срце. Кога те прегрнував додека липаше кога поранешното момче те изневери, тоа потполно ме скрши. Но знаеш ли што би ме скршило уште повеќе? Тоа да те видам сокриена под стаклено ѕвоно, чувствувајќи ништо повеќе од празнотија поради тоа што „Големиот и значаен татко“ не ти дозволува да почувствуваш ништо повеќе од тоа.
Ти не си јас. И не си некој кој дејствува по моја волја. И треба да ги направиш сопствените грешки, да научиш како да се опоравиш по нив, и како да ги зацелиш сопствените рани. Јас сум тука да помогнам и да те посоветувам секогаш кога ќе имаш потреба. И секогаш ќе бидам човекот кому можеш да му се обратиш кога сè се чини изгубено.
Но, мислам дека е значајно понекогаш за бидеш загубена. Мислам дека има посебна сила која ја пронаоѓаме во себе единствено кога самите со наоѓаме патот кој ќе нè избави од темнината. Ти си своја личност и некои од нештата кои ти ќе ти се допаѓаат мене веројатно ќе ме полудуваат, или барем ќе мислам дека се ужасни. И токму во тоа е убавината. Замисли сите во светот да ги посакувавме истите нешта – сите ќе трчавме по истите десет луѓе.
Чудо е како нешто што некој ладнокрвно ќе го отфрли, за друг претставува бесценето богатство.
И јас би бил тажен мал човек, кога би се обидувал да те изманипулирам да се претвориш во „слаткото колаче од моите соништа“. Слободно сакај ја музиката која јас на презирам, гледај ги ги филмовите кои ги мразам, и порасни во силната жена која знае во што се крие нејзиниот сјај и знае што да прави со него.
Е сега, животот ќе ти нанесува удари. Некогаш и со твое одобрување. Но, јас никогаш нема да ти кажам дека сексот и лош или дека ти си лоша поради тоа што го посакуваш. И одбивам да го прифатам ставот дека луѓето кои ја привлекуваат мојата ќерка се мои непријатели.
Јас не сум чуварот кој ќе те заклучи во кула.
Но, дефинитивно сум засолништето каде мојата ќерка може да се сокрие кога животот ќе стане претежок, местото каде ќе може да ги залекува раните, да размислува за направените грешки и да знае дека некој ја сака со целото срце.
Токму тоа го позакувам за тебе мила, живот полн со големи грешки и уште поголеми победи.
Слободно излези надвор, откриј ги сите нешто кои еб… ги сакаш…a и тие тебе.
Ферет Штајнмиц