Драган Бјелогрлиќ проговори за несреќата што ја предизвикал син му: Оставете ми го детето на мир


Српските медиуми деновиве ја објавија веста за несреќата која, наводно, ја сторил синот на српскиот актер и продуцент Драган Бјелогрлиќ, Алексеј (19). Несреќата се случила пред 14 месеци, но дури сега за неа се дознало во медиумите, а Драган Бјелогрлиќ веднаш свикал прес-конференција за да ја раскаже нивната страна на приказната, пренесува „Индекс.хр“.

Српски „Телеграф“ напишал дека во тоа време 18-годишниот Алексеј удрил во мотоциклист додека управувал автомобил без возачка дозвола и дека само побегнал од местото на несреќата. Исто така, било објавено дека актерот му платил на мотоциклистот за неговиот син да избегне затворска казна.

Драган Бјелогрлиќ и неговиот адвокат свикале прес-конференција на која Бјелогрлиќ потврдил дека неговиот син имал сообраќајна несреќа, но тврди дека не прегазил никого така што не ни побегнал.

– Мојот син предизвика несреќа, тоа никој не го негира, но не побегна и не уби човек. Напротив. Тој повикал брза помош, цело време бил со повредениот и ми предложил со него да оди во Ургентниот центар, што тој го одбил. Потоа се врати дома, ми кажа што се случило, отидовме заедно прво во Ургентниот центар, а потоа во полициската станица Врачар, каде се пријави – рекол Бјелогрлиќ, додавајќи дека тие сè уште се во контакт со човекот кој бил повреден во несреќата и дека се води правна постапка како и кај кој било друг граѓанин.

Иако прес-конференцијата станала напната кога новинарот на еден белградски медиум нагласил дека Алексеј во моментот на несреќата возел без возачка дозвола, на што Бјелогрлиќ рекол дека таа информација не му била позната, а потоа одбил да дава какви било дополнителни одговори.

– Сите отрови во идннина упатувајте ми ги мене, јас сум тука со име и презиме, не чепкајте ми го семејството, детето, не само мене, никому, на ниедна јавна личност, политичар, функционер од која било страна – рекол Бјелогрлиќ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1