Познатиот легендарен доајен – поп изведувач на македонската музичка сцена Драган Михајловски со кој растеле многу генерации, на почетокот на месец март во Универзалната сала ќе одржи концерт. Тој своите безвременски песни, хитови, рефрени ќе ги отпее во придружба на големиот ревиски оркестар.
Концертот е во организација на Македонската радио телевизија. Како што и самиот вели, овој концерт го доживува како музички портрет на голем број уметници и презентација на авторите, потписници на неговите песни. Во интервју за “Дневник” тој вели:
“ Сите влегоа со голем ентузијазам во овој проект. Сакав да го поддржам и драго ми е што мене ме одбраа како пејач, веројатно зашто сум поактивен од другите од тој далечен период на творештво и продукција. Со моето учество да ѝ дадам поддршка на таа млада екипа, на која ѝ претстои кариера”, изјавил Мијалковски во интервјуто за “Дневник”.
Извор – Музика 24