Драган Спасов – Дац е новиот вршител на должност директор на Македонскиот народен театар (МНТ). Тој доаѓа на местото на досегашниот прв човек на националниот театар Дејан Пројковски.
Пројковски самиот си поднел оставка.
Дац, кој целата кариера ја градеше во Драмски театар, лани стана член на ансамблот на МНТ. Тој ја играше насловната улога во „Тартиф“ во режија на Галин Стоев.
Пројковски во октомври 2015 беше назначен за директор на МНТ. Претходно, тој четири години беше уметнички директор на националната театарска куќа. Пројковски беше режисер на „Вечната куќа“ претстава со која се отвори новиот објект на МНТ. За своите претстави, во Македонија и во странство е наградуван со високи награди. Освен во МНТ, работеше и во театарите низ Македонија, како и во Русија, Хрватска, Црна Гора…
МНТ првпат постави лиценциран мјузикл („Чикаго“) за кој се бараше билет повеќе, гостуваа светски режисерски имиња, претставите на МНТ добиваа награди по фестивалите, се востанови МНТ Фест…