Скршен нокт. Кога ќе ви се случи оваа непријатност, принудени сте да го скратите не само него, туку и преостанатите нокти, без оглед на тоа коку долго и трпеливо сте чекале да ја достигнат посакуваната должина.
Ќе ве научиме како да го „закрпите“ скршениот нокт, така што визуелно повторно ќе го направите совршен.
Кога следниот пат ќе ви се случи овој проблем, за да не ги кратите и останатите нокти, ние ви откриваме еден драгоцен трик.
Се што ви е потеребно да го „поправите“ скршениот нокт:
Ацетон, алкохол, памучни тупфери лепак за нокти, една филтер кесичка чај (било каков), безбоен лак за нокти, лак за нокти во саканата боја, ножици, турпија за полирање нокти.
Постапка за „крпење“ на скршен нокт
Чекор 1 – Ноктот кој сте го скршиле, поточно неговиот скршен дел, доколку е потребно најпрво вратете го во рамна положба во однос на остатокот.
Чекор 2 – Потоа, подрачјето околу целиот скршен нокт исчистете го со ацетон доколку ноктот бил налакиран, а после тоа и со алкохол. Доколку ноктот не бил налакиран, доволно е да употребите само алкохол. Целта на употребата на алкохол е во тоа што ноктот мора да биде беспрекорно чист, односно без траги од крема за раце или било кој друг производ.
Чекор 3 – Откако сте го исчистиле ноктот, земете ја филтер кесичката за чај, исечете ја и истурете ја содржината. Потоа, дел од кесичката исечете во големина и облик кој ќе одговара на големината и обликот на ноктот кој сте го скршиле.
Чекор 4 – Преку целата површина на ноктот, рамномерно нанесете лепак за нокти.
Чекор 5 – Преку лепакот за нокти, правилно и што е можно повеќе попрецизно, залепете го парчето од филтер кесичката кое е обликувано според вашиот нокт. За време на нанесувањето на филтер кесичката на ноктот важно е во просторот меѓу ноктот и парчето кесичка да не ви се направат воздушни меурчиња. Кога ќе завршите со нанесувањето, почекајте ноктот да се исуши, па преку филтер кесичката на вашиот нокт, премачкајте уште еден слој од истиот лепак и повторно почекајте да се исуши.
Чекор 6 – Потоа, кога и другиот слој на лепак за нокти ќе се исуши, со помош на турпија за полирање, исполирајте ја целата површина на ноктот.
Чекор 8 – Преку исполираниот нокт, нанесете слој безбоен лак за нокти.
Чекор 9 – Кога слојот безбоен лак ќе се исуши, пред вас е последниот чекот од овој трик. Потоа, нанесете слој лак за нокти во саканата боја и почекајте да се исуши.