Драма: Авион летал со отворена врата – дупката ја затнале со ќебиња (Фото)


Авионот Ербас А380 на авиокомпанијата Emirates кој летал од Банкок до Хонг Конг, летал со полуотворена врата за излез во случај на опасност сместен во бизнис класата.Патникот кој седел до него чул нешто што наликува на експлозија по што вратата се подотворила и неподнослива бука и ладен воздух влегле во авионот. Веднаш дотрчала стујардесата која прво панично викала на разгласот вратата се отвори, вратата се отвори, а потоа земале ќебиња и перници ги завиткале со салотејп и ја затнале дупката.

Британскиот турист Дејвид Реид, кој во авионот летал со синот Луис, направил снимки во авионот.

article-2279416-179C6A61000005DC-933_634x491

Вратата била  „подотворена“ за околу четири сантиметри во долниот дел. А стујардесите дури и ја затвориле завесата за патниците од економската класа да не можат да видат што се случува – авионот продолжил со летот.

article-2279416-17997DBC000005DC-302_634x286Ова е еден од најскапите и најсовремените авиони – внатре е како во хотел има се а тие дупката ја затнаа на најпримитивен можен начин“, изјавил Реид.

По летањето во такви услови, Реид добил инфекција на белите дробови, па таткото и синот морале да го прекинат патувањето, кое ги чинело 4.500 фунти. Температурата во авионот беше неподносливо ладна и нормално се разболев вели патникот.

По слетувањето го пријавиле инцидентот кај надлежните служби, а по истрагата на Генералната управа на цивилното воздухопловство на Обединетите Арапски Емирати, стигнал одговор дека „безбедноста на летот ЕК384 меѓу Банкок и Хонг Конг во понеделникот 11 февруари во ниеден момент не била загрозена“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1