Во Камбрија во Англија за време на аеромитингот настапувала и падобранската единица „Црвени ѓаволи“. Кога од авионот скокнал падобранецот Мајкл Френч, неговиот падобран не се отворил како што треба, па од сигурна смрт го спасил неговиот колега Вејн Шортхаус кој скокнал веднаш по него.
На снимките објавени на интернет можат да се видат двајцата падобранци, како слетуваат во вода со поврзани падобрани.
„Можеме да потврдиме дека двајцата падобранци се живи и здрави. Ова е првпат за 25 години на тим на Црвените ѓаволи да му се случи ваков проблем со падобран“, соопштил падобран на војската.
Шортхаус и Френч се искусни падобранци и досега извеле над 1.500 скокови.