Драма на погреб: Ќе закопале празен ковчег, не можеле да го најдат покојникот


Во Остружница требало да се одржи погребот на Ненад Лазаревиќ Мишка (59), но работникот во погребалното претпријатие Слободан Ш. на гробишта донел празен ковчег.

-Ненад починал во понеделникот. Живеел само во куќата во Остружница и мртов го нашол соседот Слободан Ш, негов пријател. Тој ги известил сестрата на Ненад дека братот и починал, и бидејќи жената живее во Босна, ветил дека тој ќе го организира целиот погреб, вели Верица Живановиќ, соседката на починатиот.grobar-les-sahrana-foto-privatna-arhiva-marina-lopicic-1485639307-1091893

Сестрата на Лазаревиќ се согласила Слободан да и помогне околу погребот, но не насетувала каква збрка ќе направи.-Погребот беше закажан во сабота во 13 часот на гробиштата во Остружница. Ние се собравме во капела околу 12 часот. Се беше подготвено за погреб: цвеќе, венци, свештеник. Меѓутоа Слободан доцнеше цели 2 часа Сите бевме бесни на него. Луѓето му се јавуваа да прашаат каде е, а тој ги пцуеше – вели Верица и додава дека некои мештани тој ден го виделе Слободан како пие виски во кафулето.

Според зборовите на соседот, вистински шок следувал кога Слободан се појавил на гробишта.

-Не дозволил сандакот да се извади од комбето. Почнавме да викаме на него и да бараме објаснување поради што не ни дава да го погребеме Ненад. Тогаш тој ни раскажа небулозна приказна. Рече дека донел празен ковчег, а телото на Ненад е во комбето кај неговиот колега, која на пат до гробишта доживеал судар. Се гледаше дека е пијан и се чувствуваше алкохол, раскажува зачудениот сосед и додава дека Слободан и потоа влегол во комбето и побегнал од гробишта.

-Патролата на интервентната единица го запре комбето за погребни услуги кај Белградскиот саем со кој управувал Слободан Ш. Со алкотестирање е утврдено дека е пијан, а кога полицијаците го отвориле мртовечкиот сандак кој го возел, виделе дека е празен, вели извор од истрагата.

Меѓутоа, апсењето на Слободан не беше крај на драмата за сестрата на покојникот и пријателите.

-Сестрата на покојникот и натаму не знаеше каде е телото на нејзиниот брат. Жената беше во агонија. Следуваше потрага по посмртните останки, и на крајот се дозна дека телото на Ненад Лазаревиќ е во капела, вели соседот и додава дека не знаел каква намера имал Слободан.

-Тој не го зел телото од капелата, а поради што не знам. Да не инсистиравме да го отвори ковчегот на гробишта, тој најверојатно ќе ни дозволеше да закопаме празен сандак, вели соседот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1