Цели 45 минути авионот во кој бил српскиот премиер Александар Вучиќ кружел над Белград и не можел да слета на аеродромот „Никола Тесла“ поради густата магла, објави српски „Блиц“.
Откако било увидено дека нема можности за слетување, авионот бил пренасочен кон аеродромот во Ниш, каде што и слетал.
Српскиот владин авион е модел „фалкон“, стар е околу 30 години и, како што пишува „Блиц“, веќе има репутација на проблематичен и малерозен.
Последен пат авионот имал проблем во април годинава кога во него бил претседателот на Србија, Томислав Николиќ. Проблемот се појавил за време на лет кон Ватикан, при што била откажана неговата посета во Рим.