ДРАМА – ОПШТИНАТА УРИВА ОГРАДА ОД ДВОР, ТРГНУВА И КОН КУЌАТА


Вистинска драма се случувала пред домот на семејството Софрески во скопско Ново Село кога фирма која ја ангажирала општината започнала да ја урива оградата од дворот за да се догради пат на тоа место. Славица Софреска вели дека наместо 27 квадрати земјиште колку што и` дала на општината, таа сака да и` земе 87, што значи дека дел од куќата ќе мора да се урне и низ неа  да поминува патот, јавува телевизија Телма.

gorce_novo_selo_kukataСлични проблеми со експропријацијата на земјиштето имаат и останатите соседи, кои морале да отстапат дел од нивниот имот за да се изгради патот. Се уште се надеваат дека некако ќе се спогодат со општината па се плашат јавно да говорат. Сепак коментираат дека речиси на сите општината за да го изгради патот  ќе им земе повеќе од отстапеното. Кај  Софрески пак проблемот е најголем бидејќи патот ја зафаќа и куќата.

Инаку Софреска признава дека куќата и е дивоградба, но ја изградила на нејзин имот и поднела документи за легализација. Во меѓувреме и Управниот суд пресудил во нејзина корист дека само 27 квадрати се општинско земјиште, но општината,како што вели таа, не ја почитува пресудата и на сила сака да и` го земе дворот и дел од куќата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1