Денеска пред скопскиот Кривичен суд двајца полицајци се полесно повредени откако спречиле најверојатно обид за бегство. До инцидентот дошло кога полицијата спроведувала еден затвореник на судско рочиште, пренесува телевизија Сител.
Во тој момент, роднина на затвореникот, 19 годишниот Алими Арсим ги нападнал судските полицајци, Трифун Б. (38) и Фатмир Р. (29).
Сепак, тие останале присебни и не дозволиле поголеми проблеми. Напаѓачот веднаш бил приведен. За инцидентот е информиран и надлежниот Јавен обвинител.