Драма во Аеродром: Жена се породила дома, го оставила бебето и исчезнала


Бремена жена се породила во својот стан на ул. „Методија Шаторов Шарло“ во скопски Аеродром, по што изчезнала.

Бебето, според неофицијалните информации, е живо згрижено од службите по што ќе се испитува неговата здравствена состојба. По мајката се трага.

Утрово во скопски Аеродром бил пријавен необичен случај во кој новородено бебе било напуштено од мајката, за која постојат сомневања дека се породила во својот дом. Од СВР Скопје за го потврдија случајот и информираа дека мајката на бебето го оставила новороденчето кај својата мајка, по што заминала во непознат правец.

– Претпладне околу 11 часот женско лице пријавило дека во нејзиниот дом на ул. „Методија Шаторов Шарло“ во Аеродром се појавила нејзината ќерка со новороденче во рака. Таа го оставила новорододенчето кај мајка си и го напуштила местото. Новороденчето било однесено во Клиничкиот центар Мајка Тереза на преглед, информираат од СВР Скопје и додаваат дека преземаат мерки за пронаоѓање на мајката на новороденчето, но и за расчистување на целиот случај.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1