Патнички авион на кинеската авиокомпанија Ер Чајна денеска морал принудно да слета откако човек грабнал стјуардеса како заложничка користејќи остар предмет.
Пилотот го приземјил авионот во градот Женжу, каде патниците и екипажот безбедно се симнале. Безбедносните сили интервенирале и немало повредени во инцидентот.
Авионот полетал од градот Чангша во областа Хунан и требало да слета во главниот град Пекинг.