Драма во Белград: Вооружен маж утринава се заканувал дека со бомба ќе разнесе зграда


Вооружениот маж, кој утринава се заканувал дека со бомба ќе разнесе зграда во белградската населба Раковица, по двочасовни преговори и се предаде на полицијата, соопшти српското Министерство за внатрешни работи.

Како што се наведува, полицијата го уапсила 44-годишниот Б.Ј., кој бил вооружен, а по кого веќе е распишана потерница од Првиот основен суд поради издржување затворска казна.

Српските медиуми претходно пренесоа дека мажот бил вооружен со пиштол и на себе имал панцир.

Околу зградата се наоѓале големи полициски сили, меѓу кои и интервентни единици и припадници на Специјалната антитерористичка единица, како и преговарачка екипа.

Сообраќајот се пренасочува и полицијата не дозволува никој да се приближи. На местото на инцидентот се наоѓале и екипи на итна медицинска помош.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1