Драма во Дебар: Го киднапирале и претепале, па го фрлиле покрај езеро


На 19.05.2016 година, околу 13,00 часот во Центар Жупа, додека Л.М.(57) седел на тераса од ресторан, со патничко возило „Голф 4“, дошле Б.А., Р.В. и М.Д. сите од Дебар, физички го нападнале удирајќи го со тврди предмети по главата и телото, при што Л.М. паднал во бессознание.momce kidnapirano nasilstvo

МВР денеска соопшти дека потоа го ставиле во багажникот од патничкото возило и го однеле покрај брегот на Дебарско Езеро, каде повторно го тепале и го оставиле.

Тој од страна на полициски службеници е пронајден со видливи повреди по главата и целото тело.

Во полициската станица Дебар приведени се горенаведените лица, за настанот известен е јавен обвинител. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1