Драма во Ѓорче: Го прободела сопругот со нож во градите


Триесет и две годишниот Н.Д. од Скопје е задржан на Интензивна нега во ГОБ „Наум Охридски“ откако бил нападнат и прободен од неговата сопруга.noz

Од полицијата дeнес информираат, дека пријавата ја добиле пред два дена околу 23:30 од Итната медицинска помош. Тие пријавиле дека во местото „Јурија “ во населба „Ѓорче Петров“ има лице прободено со нож кое побарало помош.

-Полициски службеници излегле на местото на настанот и во Градската општа болница и констатирале дека се работи за лицето Н.Д. (32) од Скопје. Истиот, во семејна расправија се здобил со тешка повреда-убодна рана од нож во пределот на градниот кош, која му ја нанела неговата сопруга Г.С.(26). Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, информираат од полицијата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1