Драма во Куманово: Грчкиот сопственик ги тепа работниците и ги затвора во замрзнувач!


Сезонски работници од фирмата за преработка на смрзнато овошје и зеленчук „ДС Фудс“ проговорија за притисоците и теророт што ги трпат при работа кај грчкиот сопственик, но и за институционалната негрижа на надлежните кога е во  прашање кршење на работничките права. Работниците пред камерата на Телма сведочат за малтретирањето и изживувањето на сопственикт врз нив.

KUMANOVO_FUDSБизнисменот Димитриос Салептис кој во 2005 година на голема врата влезе во Куманово како странски инвеститор, ги крши нашите работнички, но и човечки права, обвинуваат работниците. Велат дека дел од нив не зеле плата од ланската сезона, а кога ќе ја побараат, изложени се на насилство од шефовите, не се ниту осигурани, па од трудова инспекција ги кријат сезонците во комора каде премрзнуваат на минус 20 степени целзиусови.

Часлав Божиновски вели дека сопственикот секоја година ги лаже за парите. Нагласува дека тој двајца од работниците ги тепал, а пред инспекторите ги крие во коморите.

На бројните поплаки на работниците, од регионалниот синдикат реагирале до инспекциските служби, но залудно, со месеци состојбата е непроменета.
Миле Спасовски од регионалната организација на ССМ вели дека сопственикот секогаш ги крие работниците.

Шлаканици за вработените станале пракса во оваа фирма, а претпоставениот го нападнал Станислав Трајковски со тупаници, затоа што не можејќи да го издржи теророт дал отказ и си заминал. Сега се на суд.

-Тој трчајќи излезе по мене во ходникот и некој ми рече, пази иде гркот ќе те удри, среќа, рефлексно се тргнав и ме удри само во плешка. Работа како работа, секаде треба да се работи но, да работиш и некој да се иживува со тебе, да те малтретира и на крај парите со мака да ги вадиш, тоа не е работа, вели Трајковски.

Катерина Јовановска апелира до надлежните да воспостават ред, а работниците да си добијат своите пари.

Вработените се жалат дека немаат ниту заштитна опрема при работа. Минатата година една работничка починала од здобиените повреди ,а
сопственикот на фирмата се обидел да го прикрие инцидентот. Од регионалниотсиндикат повикуваат надлежните веднаш да реагиаат ,но и на синдикално организирање за да можат да ги заштитат работничките права.

ИЗВОР: Телма телевизја

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1