Квинтон Фортјун трчаше на лондонскиот маратон, но само 600 метри пред целта поранешниот дефанзивец на Јунајтед колабираше. Лекарите итно му помогнале, тој во целта влегол со помош на друг маратонец
Откако истрча повеќе од 41 километар, 41 годишниот Фортјун колабираше. За среќа лекарите доста брзо реагирале и му укажале помош.
Во целта влезе со помош на другиот маратонец Томи Луис.
-Пролемите започнаа километар и половина пред целта. На 600 метри стана уште полошо. После го земав под рака и заедно влеговме во целта, раскажува Луис.
-Томи, ти си ангел. Ти благодарам, како и на сите кои ми помогнаа да поминам низ целта, порача Фортјун.
Фортјун во богатата кариера настапуваше за Атлетико Мадри, Манчестер Јунајтед, Болтон, Вестерн Провиденс Јунајтер, Шефилд Јунајтед, Тубизе, Донкастер.