Корисниците на твитер постираат дека моментално се развива вистинска драма во Лондон каде се забележани наоружани полицајци во близина на метро станицата Соутварк, јужно од реката Темза во Лондон, пренесува Гардијан.
Полицијата затвори неколку улици во близина на метро станицата, додека од Скотланд Јард се уште не излегле со соопштение.
За потсетување, утрово бројни британски медиуми пренесоа сторија дека исламистички команданти наводно е во контакт со фанатици во Велија Британија со кои редовно комуницира за количина на оружје и муниција која ја имаат. Тие ги советувале британските џихадисти да не доаѓаат во Сирија, туку да чекаат наредба таму кај што се.