Драма во Острог: Русин почина среде литургија


Рускиот државјанин Јуриј Николајевич Камнев од Москва (59) присуствувал на литургија со која служел митрополитот црногорско – приморски Амфилохие пред манастирот Острог, кога наеднаш паднал непроследно пред да му дојде редот за поклонение пре Свети Василиј Острошки.manastir-ostrog-mitropolit-crnogorsko-primorski-amfilohije-620x350-71954

Несреќниот човек починал, а владиката Амфилохие веднаш на местото одржал мал помен и кратка беседа.

-Бог душата да му ја прости и да му подари царство небесно. Прв случај некој вака да се упокои во ова светилиште. Тоа е некој Божји знак за Јуриј. Господ го прими овде, да му ги прости сите гревови, волни и неволни и да го упокои со Аврам, Исак и Јаков и Светиот Василиј Острошки, кој на чуден начин го повика на ова место за од овде да го крена во царството небесно, беседеше потресениот Амфилохие.

Тој како и сите други присутни верници и свештеници кои на Русинот се обидоа да му пружат помош, беа видно потресени од оваа несреќа, а на самото место дошла и полиција и Брза помош, но само констатирале смрт кај рускиот државјанин.

Јуриј Николаевич Камнев во острошкото светилиште дошол со група верници, а последните неколку години често доаѓал во Црна Гора.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1