Вчера во 18.20 часот во Пробиштип, во приватно претпријатие непознат сторител со закана со пиштол извршил разбојништво во обид.
Сторителот влегол и од вработената, која е сопственик на фирмата, побарал пари. Вработената успеала да го фати пиштолот на сторителот, но истиот ја турнал и успеал да побегне.
По преземените мерки од страна на полициски службеници и извршеното препознавање, утрврдено е дека сторител на кривичното дело е С.К. (27) од Штип.
Истиот е приведен и задржан во ПС Пробиштип.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.