Вчера околу 00,30 часот во Штип, непознато лице со употреба на сила и подесен алат го скршило стаклото од влезната врата од куќата сопственост на С.М.(77) и П.М.(74), влегол внатре и ставил черга врз главата со која го прекрил лицето.
Потоа се упатил во собата каде што спиеле оштетените и бидејќи истите слушнале тропање и кршење на стакло, станале од креветот, а сторителот им ги побарал пари. П.М. се упатила кон него и успеала да му ја тргне чергата од главата и го препознала сторителот, дека е нејзиниот внук К.С.(31) од Штип.
Во тој момент К.С. со рака ја удрил П.М. во пределот на главата од што паднала на подот, а К.С. продолжил да бара пари.
Откако С.П. успеала да стане и се упатила кон кујната, за да земе некој предмет со кој би се одбранила, К.С. ја престигнал и уште еднаш ја удрил со рака во пределот на главата, по што побегнал од местото на настанот, без да успее да им земе пари или друг вреден предмет.
Увид е извршен од екипа на СВР-Штип и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.