СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.И.(34) и З.В.(19), двајцата од Тетово, за сторени кривични дела „тешка телесна повреда“ и „насилство“.
Имено, на 2-ри овој месец, околу 5 часот, на улицата Видое Смилевски Бато, Е.Џ. (25), додека бил со неговата девојка Е.Р. (24) од Скопје, бил нападнат и прободен со нож од пријавените. Тие до локацијата каде се наоѓале Е.Џ. и Е.Р. пристигнале со автомобил „опел кадет“.
При обид Е.Р. да ги раздвои, Б.И. и нанел огреботини на двете раце.
По инцидентот на улицата пристигнало и друго возило со кое сега пријавените заминале.