Поранешен вработен влегол во информатичка компанија во Белград и почнал да пука, при што настрадало едно лице, а две се повредени. Напаѓачот подоцна се обидел да се самоубие во својот стан со бомба.
Инцидентот се случил во улицата Рузвелтова во Белград кога 31-годишниот Небојша С. добил отказ од работа. „Најпрвин примивме повик за Рузвелтова, а по неколку минути и дека лицето скокнало од прозорец во улицата Никодин Милаш, што е во близина“, изјави Нада Мацура, портпаролка на брзата помош. На самото место биле испратени три екипи на брзата помош.
Според белградските медиуми, напаѓачот во четвртокот добил отказ во формата по што денеска се вратил во канцеларијата и пукал во колегите. Небојша убил еден вработен во фирмата, тешко ранил уште еден, а еден поранешен колега тешко се повредил скокајќи од прозорецот за да го избегне нападот. Смртни рани му биле зададени на 31-годишниот Бранко К., 36-годишниот Марко Ф. е ранет во рамото, а Игор Р. успеал да се спаси така што скокнал низ прозорецот од станот.
Тој потоа заминал во својот стан, каде што си пукал во главата и активирал експлозивна направа. Полицијата стигнала таму по пријава дека има пожар. Од експлозијата се затресла целата зграда на улицата Војвода Саватија, а неколку часа подоцна пожарникарите успеале да го локализираат пожарот. Итната помош стигнала околу 10.40 часот и Небојша го однела на реанимација, другото на Ургентниот центар, а кај третиот само констатирале смрт.