Скандал од невидени размери се случи на грчкиот остров Закинтос кога девојче од Ниш било претепано бидејќи пеело. Како што пренесува српскиот Курир, туристичкиот водич Ш.К. ја нападнал и повредил ќерката на Владимир Петковиќ, 17-годишната А.П. а тој веднаш случајот го пријавил во полиција.
На девојчето му констатирале повреда кај лактот, има скршеница на ногата, па таа и е ставена во лонгета.
Инцидентот според таткото се случил на 24. јули кога девојчето прв пат заминало само на одмор. Таа била со другарките преку агенција, а заминале на 18. јули. Таа при една туристичка посета пеела тивко, а тој се изнервирал и почнал да и се заканува. Девојчето мислело тој се шегува, па му рекло удри ме ќе платат од осигурителна компанија, а тогаш тој ја претепал.
И ја удрил главата, ја влечел, и ја скршил ногата ии нанел повреда на раката.
Другарите од групата ја однеле во амбуланта, а потоа таткото ја земал и се пријавил во полиција.