Тигар во зоолошка градина во Мексико му го чувал грбот на чуварот, одбранувајќи го од напад од леопард.
Имено, додека чуварот си играл со лавовите, леопардот Дхарма одеднаш истрчал и сакал да го нападне.
Во тој момент тигарот Азтлан скокнал пред леопардот и го спречил да го повреди чуварот кој не бил свесен за опасноста која му се подготвувала.