Попладневната дремка е добра навика за здравјето бидејќи ги елиминира грижите и стресот, а ги подобрува и когнитивните функции.
Исто така, влијае и на зголемување на трпението и на брзината на реагирањето, ја зголемува способноста за учење и ефикасноста во текот на денот, а одлична e и за целокупното здравје на човекот.
Според едно неодамнешно истражување, дваесет минути попладневен сон обезбедуваат повеќе енергија отколку дваесет минути подолго спиење наутро, иако последните два часа од утринското спиење си имаат посебни погодности.
Човекот после осум часа од моментот кога ќе се разбуди почнува да чувствува умор, од што може да се заклучи дека на телото му е потребен кус одмор. Затоа доколку сакате да се чувствувате како нови по напорниот ден, наместете го алармот да ве разбуди после половина час и поспијте. Ќе се чувствувате многу подобро и ќе бидете спремни за нови предизвици.