Менаџерот на компанијата Дрим билдинг, Ресул Лога, кој денеска сведочи за случајот „Меѓународен сојуз“, рече дека на Бојан Јовановски во кеш му исплатиле 350 илјади евра како услов да бидат дел од проектот за изградба на старечки дом. Дополнително, на фактура на невладината, компанијата Дрим Билдинг, исплати уште 15 милиони денари, сведочеше менаџерот на фирмата.
Лога наведе дека верувале оти проектот ќе биде успешен.
,,Довербата ја стекнавме дека имаше и луѓе од владата, како Фросина Ременски, на состаноците повремено присуствуваше и Александар Кирацовски и кога тие ги гледате имате доверба дека проектот ќе се реализира,, изјави во судницата Ресул Лога.