Дрогиран возач со Хонда покоси 22 лица – едвај се спаси од линч! (ВИДЕО)


Полјак (32), синоќа со „хонда“ влетал во маса луѓе кои биле на пристаништето Сопот на Балтикот, повредувајќи 22 лица, од кои три тешко.

honda-izdАвтомобилот влетал во луѓето, кои присуствувале на проекција на филм. Возачот, на половина од патот се свртел со автомобилот, ја изгубил контролата над возилото и удрил во дрво.

Полјакот се обидел да избега, но присутните луѓе го фатиле и се обиделе да му пресудат за неговото однесување, но, сепак, го предале на полицијата.

„Возачот не бил пијан, но се` укажува дека бил дрогиран“  – изјавил портпаролот на полицијата  Карина Каминјска.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1