Дрон удри во авион на „Бритиш Ервејз“ при слетување во Лондон


Еден дрон погодил авион на британската авионска компанија „Бритиш Ервејз„ додека се спуштал на аеродромот Хитроу во Лондон, соопшти Метрополитен полицијата.

Авионот „Ербас-А320“, кој летал на линијата од Женева за Лондон, со 132 патници и петмина членови на екипажот, безбедно се спуштил на аеродромот.
The UAV Show Europe 2014

По слетувањето, пилотот на „Ербасот“ го пријавил инцидентот, објаснувајќи дека „некаков објект“, за кој рекол дека „најверојатно е дрон“, удрил во предниот дел од леталото.

Отворена е истрага од аеродромските власти на Хитроу, како и од британската полиција, но претставник на полицијата изјави дека, засега, никој не е уапсен.

Ова е прв регистриран случај во Велика Британија, дрон да удри во некој патнички авион.

Во соопштението на „Бритиш Ервејз“ се вели дека за компанијата е „најважно дека авионот слетал безбедно“.

Компанијата соопшти дека веднаш била направена експертиза на леталото и било утврдено дека авионот може одново да полета.

Британската Управа за цивилна авијација остро реагираше на инцидентот.

– Апсолутно е неприфатливо да летаат дронови во близина на аеродроми, се вели во соопштението на Управата, во кое се бара сторителите на ваквите инциденти да бидат осудени и затворени.

Според сегашните прописи, забрането е пуштање дронови во реони покрај аеродроми, за што е предвидена затворска казна до пет години.

Дронови не сметаат да се пуштаат да летаат повиоко од 120 метри, како и да летаат блиску до згради и над насобрани луѓе.

Безбедносни експерти сугерираат по овој инцидент да се преиспитаат законските прописи и да се зголемат казните.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1