ДРЖАВАТА НЕЛЕГАЛНО ГИ ВАКЦИНИРА НОВОРОДЕНЧИЊАТА ВО ПОРОДИЛИШТАТА СО ДВЕ ВАКЦИНИ !!!


ЈАВЕН ПОВИК до министерството за здравство и породилиштата во Македонија

Родителите ги повикуваат надлежните органи ПОД НАЈИТНО ДА НАРЕДАТ ПРЕКИН НА ВАКЦИНАЦИЈАТА НА СИТЕ НОВОРОДЕНЧИЊА ВО РОДИЛИШТАТА, бидејќи таму ГРУБО СЕ КРШИ една од ОСНОВНИТЕ ОДРЕДБИ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА ИМУНОПРОФИЛАКСА (Сл. Весник на Р. Македонија Бр. 65/ 2010) наведена во Член 4  кој вели дека: “Растојание помеѓу давање на две различни мртви или една мртва и една жива вакцина не се потребни, освен во случај при давање на вакцина против туберкулоза, кога растојанието за давање на било која друга жива или мртва вакцина не смее да биде пократко од 6 недели.“vakcinacija-500

Спротивно на оваа основна одредба, во нашите родилишта новороденчињата се вакцинираат со BCG вакцина и со вакцина против Хепатитис Б, во првите 24-48 часа од раѓањето, што значи дека не е запазено растојанието од 6 недели пропишано во основните одредби на Правилникот за имунопрофилакса.

Иако во Календарот за имунизација на Р. Македонија и во Програмата за задолжителна имунизација (Сл. Весник на Р. Македонија Бр. 4/2013) се вели дека вакцинацијата против туберкулоза треба да се изврши во тек на првата година на детето, во нашите родилишта новороденчињата се вакцинираат со жива BCG вакцина во првите 48 часа, што е страшно само по себе.

Но уште пострашно од тоа е фактот дека од октомври 2004 година нашите новородени во првите 24 часа од раѓањето се вакцинираат и со вакцина против хепатитис Б, што е во директна спротивност со Член 4 од Правилникот за имунопрофилакса и претставува ДИРЕКТЕН АТАК ВРЗ  ЖИВОТОТ И ЗДРАВЈЕТО НА СИТЕ НОВОРОДЕНЧИЊА ВО НАШАТА ДРЖАВА!!!

Сакаме да ја информираме и јавноста за овој невиден чин на кршење на основните одредби за вакцинацијата против туберкулоза, и фактот дека во сите родилишта во нашата држава во моментов и долги години наназад се врши експеримент врз новородените, со тоа што против сите правила на вакцинирање се дава BCG вакцина заедно со друга вацина што не е дозволено според Правилникот. Зошто и под чии налог се врши овој експеримент ние не знаеме.

Сакаме истовремено да го повикаме и Јавното Обвинителство да го испита случајот и да открие зошто, од кога и под чија директива се вакцинираат новороденчињата спротивно на одредбата во Правилникот за Имунопрофилакса. Бараме да се лоцираат одговорните лица за овие дејствија, нивните мотиви за загрозување на јавното здравје и по спроведената истрага, бараме од обвинителството да поднесе обвинение до надлежните судови.

Родителите за правото на информиран избор за вакцинацијата –

Zdravje Na Igla Ne Vleguva

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1