Државата тестирањето за коронавирус го плаќа три пати поскапо од приватните болници?


Речиси 5.000 денари за еден тест за коронавирус се наплатува од страна на државата, односно од Буџетот на РСМ за тестирање на граѓаните од Ковид – 19, реагираат граѓани кои ги добиле тестовите за коронавирус.

На ова непријатно новинарско прашање министерот Венко Филипче не даде конкретен одговор. Само кажа дека при набавката на реагенси државата заштедила.
– Има набавка преку Институтот за јавно здравје и во Министерството за здравство. Тоа што е во рамките на нашата набавка, бев информиран дека од предвидените три милиони се потрошија два милиони денари согласно понудите за китови. Колку е тоа поединечно можеме да пресметаме и да дадеме точна цена, одговори Филипче.
Тестовите во болницата Жан Митрев се наплаќаат по 1500 денари, додека болницата Сиситина Аџибадем соопшти дека од утре почнува со тестирањ, по цена од 1200 денари.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1