Дух ги избрка од нивната куќа: Марк е тука, те гледа…


Дебора и Кевин Росон една година живеат во изнајмена куќа за да побегнат од „духот“ кој ќе им го уништел бракот. Дебора имала чудни искуства со духот кој според неа ја напаѓал сексуално…

48 годишната Дебора Росон го замолила својот сопруг Кевин да ја напуштат куќата откако никако не можеле да се ослободат од „духот“ кој ја вознемирувал.

Првиот пат кога го видела, не бил сам.

Screenshot_3– Тукушто завршив со чистење на куќата и седнав да се одморам. Почувствував некоја сила околу мене и се појави облак на вратата од кујната кој се формираше во три облици – маж, жена и девојче.

Дебора преплашена истрчала од куќата, а нејзиниот сопруг Кевин по неколку часа кога се вратил од работа, ја нашол во дворот потресена.

И предложил да одат на лекар, се согласила мислејќи дека нешто психички не е во ред со неа. Лекарот и дал антидепресиви но не помогнало.

– Еден ден седев кога почувствував дека некој ми дише во лицето. Прашав – Кој е таму? Слушнав одговор: Тука е Клер, а Марк постојано е овде и те гледа…

Дебора е уверена дека и одговорил женскиот дух, а зборувала за машкиот фантом кој бил со неа.

– Од тој момент почувствував дека Марк сака нешто од мене.Еднаш ми го крена фустанот и ме притисна на креветот, друг пат додека спиев ја почувствував неговата рака на половината – вели Дебора.

Сето ова вовело голем немир во нејзината куќа. Таа престанала да спие со сопругот, се сместиле во различни соби. Кевин кој бил мирен и прибран човек станал нервозен и раздразлив.

Повикале свештеник кој ја испрскал куќата со света вода, но тоа помогнало само неколку дена.

– Потоа пак го почувствував Марк.

Не можејќи да издржи Дебора го замолила сопругот да се преселат и веќе една година живеат во изнајмена куќа.

– Можеби се работи за некаква психичка состојба или способност, не знам. Но среќна сум што се ослободив од мојот секс – фантом – вели Дебора./ извор: Мирор

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1